Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на денешната седница донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.

Поканата за почеток на преговорите за Македонија е условена. До наведениот датум земјата мора да исполни четири услови: да го спроведе договорот со Грција, да ги спроведе итните реформски приоритети,  да добие позитивен извештај од Европската Комисија и одлука од Советот на ЕУ.

Според владата, Европската Унија ја препознале Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог, а патот на реформи и градење на земјата како држава по европски правила, е неповратен процес.

-Остануваме на реформскиот курс. Пред нас имаме конкретна цел, истакнаа од Владата во првата официјална реакција вечерва.

Во првата изјава за медиумите, претседателот на опозциската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека Македонија доби капитулантски договор, но не доби датум за преговори со ЕУ. Додаде дека од позитивниот дух кој бил наметнат од Владата очекувал да се добие датум за преговори за членство во ЕУ, но од тоа не биднало ништо. Мицкоски потенцираше дека во овој момент исто така најмалку што очекува е како гест на морален чин министерот за надворешни работи Никола Димитров да си поднесе оставка.

OhridNews