Седум споменици на мостот „Око“ во Скопје, денеска покрај постоечките информации добија дополнителни инфо табли кои објаснуваат дека тие се дел од хеленската (грчка) историја.

Претходно вакви табли добија и спомениците на Александар и Филип Македонски на плоштадот во главниот град.

Поставувањето на овие инфо табли е обврска на државата која произлегува од Преспанскиот договор, кој е облигаторен и за Грција, која, пак, треба да ги промени сите називи со привремената референца ФИРОМ.

OhridNews
Фото: Твитер