Конкурсот за најубаво украсен новогодишен двор или балкон што го објави локалната самоуправа, завршува на 27-ми декември, четврток. Пријавувањето се врши во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди: прва во износ од 10.000 денари, втора во висина од 6.000 денари и трета награда која изнесува 4.000 денари.

Комисија ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: при новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.

OhridNews