Од богатата годишна продукција на македонските издавачи НУ Библиотека „Григор Прличев“ оваа недела ги препорачува книгите: „Тркачот“ од Стивен Кинг, „Седум години подоцна“ и „Врати ми се“ обете од Гијом Мисо, „Тајната колиба на плажата“ од Сра Џио, „Без излез“ од Тејлор Адамс, втората книга од „Првородениот“ од авторот Кристофер Паолини, „Изгубените девојки во Париз“ Пам Џеноф и за љубителите на историските теми, книгата „Петнаесет одлучувачки светски битки – од Маратон до Ватерло“ од Сер Едврард Криси. Издавачи на книгите се: Магор, Сакам книги, Топер и Литература.мк, сите од Скопје.
Одделот за издавање книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ работи од понеделник до петок во времето од 8 до 18 и 30 часот. Годишната членарина за деца чини 200 а за возрасни 300 денари.
OhridNews