На нешто помалку од десетина дена од стартот на ракометниот Мундијал во Хрватска, македонската ракометна репрезентација во Скопје ќе ја има последната глазура пред заминувањето во Хрватска.

Последните прашања пред селекторот Иле Темелковски се повредите на неколкуте ракометари.


нашиот најголем адут на СП – Кире Лазаров

Централниот бек Филип Миркуловски ќе добие шанса против Саудиска Арабија, додека подготвеноста на подолго повредените Радослав Стојановиќ и Ванчо Димовски, кои го пропуштија турнирот во Швајцарија, ќе биде на тест в сабота против Црна Гора.

Црвено – жолтите на 14 јануари заминуват за Вараждин, каде што Македонија во прелиминарната група Ц ќе игра против Тунис, Алжир, Полска, Германија и Русија .

М.П.