OhridNews od партиски извори неофицијално дознава дека на поднесената листа за состав на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид се наоѓаат и други нови досега непромовирани имиња во политичкаа сфера .

Именo , според се уште непотврдени информации од партијата во централата, на листата се наоѓаат и: Зоран Милошоски – магистер по економски науки во Сиетл , САД , приватен стопанственик oд Охрид , Флорентина Стерјоска – дипл.правник , магистрант по криминологија, д-р Огнен Точко – уролог и други.

Претходно партијата најави дека во тимот на новиот претседател Атанаско Михаилов ќе влезат и Хари Шокаровски , Цветко Андреески, Јованка Дамоска, Марјан Ристески, Љубен Арнаудов и Дејан Пановски, што според ДПМНЕ претставува реформирање на општинскиот комитет.

Партиски извори исто така информираат дека во Општинскиот Комитет ќе има место и за искусни партиски кадри но и дека во Комисиите на партиите планираат активирање на нови луѓе од разни сфери. Останува само да видиме колку и дали овие неофицијални информации ќе станат официјални.

Ohridnews