Во рамки на програмата на „Научно уметничката визита 2015“ која во организација на МАНУ се одржува во Куќата на Уранија, се предвидени низа културно-уметнички настани во текот на месец август.

Утревечер на 5-ти август ќе се одржи промоција на делото „Преспа II“ на академик Вера Битракова Грозданова. Промотор на книгата ќе биде академик Владо Камбовски. Во сабота на 8-ми август 2015 годинаќе биде отворена изложба на Мирослав Масин, насловена како „Од кујната на Масин“. Оваа изложба ќе биде достапна за разгледување до 18-ти август.

Во рамки на програмата на 15-ти август, ќе се одржи промоција на делото „Курбиново“ од академик Цветан Грозданов. Промотор на книгата ќе биде академик Владо Камбовски.

На 18-ти август ќе се одржи промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Промотор на книгата ќе биде академика Катица Ќулавкова. Оваа промоција е дел и од програмата на фестивалот Охридско лето.

На 22-ри август со почеток во 20 часот ќе се одржи Научна трибина на тема „Македонија-Како понатаму“ на која ќе говорат академиците Владо Камбовски, Георги Старделов и Блаже Ристовски.

На 24-ти август во рамки на програмата ќе биде отворена изложбата „Tempi non passati“ на академик Глигор Чемерски. Иложбата ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ, а истата ќе биде достапна за рагледување до 30-ти август.

Последниот културен настан, кој ќе биде организиран во рамки на овогодинешната програма на „Научно уметничката визита 2015“ е промоцијата на четирите тома од делото „Summa aestheticae“ на академик Георги Старделов. Промоцијата ќе ја отвори академик Владо Камбовки, а промотори ќе бидат д-р Ферид Мухиќ и проф. д-р Иван Џепароски.

OhridNews