Во првите три дена, колку што ефективно трае акцијата за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства од дното се извадени околу 130 мини, гранати, бомби и други експлозивни орудија.

Акцијата се одвива внимателно и под строги безбедносни процедури. Неексплодираните убојни средства по вадењето од езерските води соодветно се транспортираат до локација во близина на кичевското село Извор каде ќе бидат уништeни. Се очекува од водите на Охридското Езеро да бидат извадени околу 600 експлозивни средства кои потекнуват од периодот на двете светски војни, но има и такви кои се стари и 100 години.

Акцијата ја спроведуваа тим на Дирекцијата за заштита и спасување составен од македонски нуркачи кои имаат завршено специјален курс за ракување со неексплодирани убојни средства. Деновиве на ниски температури тие работат  во централното градско подрачје, а потешкотии им создаваат милта и големото количество отпад кое го прекрива дното во крајезерскиот појас.

Ohridnews