Македонскиот првак Ренова претпре убедлив пораз од кипарскиот првак Омонија со 3-0 на првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Колата тргна низ брдо уште во шесттата минута кога Игњатовски направи пенал по кој заработи црвен картон. Прецизен од белата точка беше Костантиноу.

До крајот на првиот дел мрежата на Ренова се затресе уште еднаш, а целта ја погоди Мораис.

Десетчлената екипа на Ренова во вториот “успешно“ се одбрани откако нивната мрежа се затресе само уште еднаш и тоа во 63 – та минута, стрелец на третиот гол, втор за него беше Костантиноу.

Реваншот кој се игра за седум дена во Скопје ќе биде само формалност.

Втора година по ред македонскиот правак се “сопнува“ уште во првиот квалификациски натпревар, лани тоа беше случај со Работнички, годинава со Ренова.

М.П.