Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување возило на македонски државјанин кој летувал во Грција.
Во петокот на граничниот премин „Богородица“ скопјанец пријавил дека во местото Сарти, му било оштетено возилото, марка „cитроен Ц5“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот дел од автомобилот му била истурена зелена боја. Случајот бил пријавен во грчката полиција, но пријавителот не добил никаков документ за поднесената пријава.
Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани, како и еден случај на кражба на регистарски ознаки, кои сезонава се случија на повеќе места во Грција.
OhridNews
Извор:„Макфакс“