Над 25.000 љубители на уметноста ги проследиле настаните на фестивалот „Охридско лето“, кој завршува вечерва со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“ на белградскиот театар „Ѕведара“. 54-то издание на фестивалот, симболично понуди 54 музичко сценски настани, сите успешно реализирани.
-Се што беше планиранио и однапред договоренио го реализиравме без никакви откажувања или одложувања.-рече Елизабета Јанкуловска, директор на фестивалот Охридско лето.
Јанкуловска истакна дека фестивалската управа оваа година успеала да ги реализира зацртаните цели и да ги подобри условите за реализација на настаните.
-Монтирана е покривна конструкција на сцените на Антички театар и Долни Сарај, изградени се пристапни рампи на дел од сцените, а во иднина на сите сцени ќе биде овозмежен пристап за лицата со посебни потреби. Продолживме со реализација на преноси во живо на интернет, ја надградивме мобилната апликација и веб страната на фестивалот, а додадовме и два нови сценски простори во фестивалската понуда, третиот кат на Робевци и малиот плоштад во центарот на Охрид.-додаде Јанкуловска.
Музичкиот селектор Гордана Јосивова Неделковска, изрази задовилство од реализираната програма, која, како што истакна, во целост ги оправда очекувањата. Настапите во Св. Софија и на Античкиот театар на Лео Нучи и Брабара Фритоли, Максим Мрвица, кинескиот Паганини Нинг Фенг, маестралниот виолинист Немања Радуловиќ, „The Voca People“ и другите светски музички ѕвезди, го привлекоа вниманието на публиката од поширокиот регион.
-Поголем дел од уметниците не само што прв пат доаѓаа на фестивалот, туку и во регионот. што беше причина повеќе да имаме ексклузивна публика од странство, што се разбира го прави фестивалот поексклузивен.-истакна музичкиот слектор Гордана Јосифова Неделковска.
Драмскиот селектор Ѓорѓи Јолевски, исто така, високо ги оцени театарските претстави на 54-то издание на фестивалот, најавувајќи богата програма за следното, јубилејно издание на фестивалот.
-Најавувам догодина што повеќе претстави надвор од Центарот за култура, бидејќи Охрид има прекрасни отворени сцени како во ОУ „Св. Климент Охридски“, предворје на Св.Софија и Заливот на коските.-рече Јолевски.
По повод 55-то издание на Охридско лето, што ќе се одржи догодина, се подготвува документарен филм за фестивалот. Покрај квалитетна програма дирекцијата на фестивалот најави дека јубилејот ќе биде одбележан и со изложба на фотографии и плакати од изминатите пет и пол децении, а ќе биде отворена и спомен соба на фестивалот.
OhridNews