На VII-от меѓународен натпревар за гудачи што се одржа деновиве во Сремска Митровица-Србија ученичката од основното музичко училиште Методи Патче од Охрид, Крстина Шокароска ученичка во V година, ја освои третата награда.
Шокароска која е ученичка во класата на проф. Крил Белистојаноски се натпреваруваше во конкуренција со ученици од соседните земји.