Општина Охрид доби уште едно признание, овој пат за успешната обука на општинската администрација во практикувањето на етиката во работењето. Признанието се додели во рамките на единствениот проект што се спроведува во Европа, поддржан од европската комисија, ЗЕЛС и Евро-амбасадата во Македонија.

Наградата во име на Општина Охрид му беше врачена на секретарот на општината,  Димитрија Вревезоски, на 17 декември годинава во Скопје.

Неодамна, општината беше наградена за успешно реформирана локална администрација во рамките на проектот што го спроведуваа ЗЕЛС и Европската унија.

Ohridnews