На покана од директорот на Меѓународната организација на светски фестивали, Михаела Вондрацкова, фолклорниот ансамбл „Филиграни“ од Охрид, како единствен претставник од балканските простори, ќе учествува на меѓународен фестивал во чешкиот град Плзен.
„Ова е уште една можност за презентација на македонскиот фолклор, а воедно и добра прилика за презентација на нашиот град, Охрид.“ – велат од „Филиграни“.
Инаку, на фестивалот ќе учествуваат фолклорни групи од Тахити, Бразил, Домениканска Република, Русија, Полска, Унгарија, Молдавија, Кипар и други.
OhridNews