Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Грција.

Имено, на 12- ти септември на граничниот премин „Богородица“, од страна на лице од Штип пријавено е дека на 6- ти септември во туристичкото место Калитеа, му бил оштетен задниот браник, каде што имал МК налепница. Истата била одлепена и на 5-6 места со остар предмет му било пробушено возилото – марка „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Ова е единаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.

OhridNews