Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Грција.
Имено, на 14-ти септември на Граничниот премин „Богородица“, од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје пријавено е дека на 6-ти септември 2015 година во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото – марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите – „СЛАВ“. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.
Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.
OhridNews