На 7-от Меѓународен кинофестивал „ДУНАВ – РЕКАТА НА ЕВРОПА“, што се одржа деновиве во Русе, Бугарија, Златна статуетка за камера доби филмот „Бигорски Манастир“ на охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец.

Краткометражниот филм на Љушев наградата ја освои во конкуренција на 74 краткометражни филмови до 15 минути.

Последното е уште едно признание за работата на Тиоме Љушев, кој на последните две изданија на Интернационалниот фестивал „Камера 300“ во Битола, освои Златна плакета.

OhridNews