Кошаркарската Федерација на Македонија ќе ги анимираа охриѓани и охридската публика со организирање наградни игри, како и доделување топки, маички и разни кошаркарски реквизити на посетителите во салата. Но општиот впечаток во градот е дека уште едно ЕП ќе помине во илегала.


Низ градот нема никаков постер ниту билборд што би им кажал како на охриѓани така и на малиот број туристи дека токму во нашиот туристички бисер се одржува натпреварување од европски карактер.


Градот е преплавен со разен промотивен материјал за „Балканскиот фестивал“, за „Охридско лето“, како и за разните концерти, кои се очекува да се случат на охридската ривиера, додека, освен неколкуте постери излепени на спортската сала, речиси нема ниту трага ниту глас дека Охрид е домаќин на Европското првенство.

М.П.