Од Клиниката за инфективни болести информираат дека во изминатото деноноќие од тешка форма на пневмонија и докажано присуство на новиот тип на грип починала една пациентка (1964 г). Таа била хоспитализирана на клиниката пред десетина дена со висока температура, треска, сува кашлица, отежнато дишење и болки во градите. Пред четири дена дошло до влошување на состојбата и била поставена на асистирана вентилација, но состојбата не се подобрила и доцна синоќа е констатирана смрт, соопшти Министерството за здравство.

Инаку, во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти, со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 69 пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна. Тројца пациенти се со потешка форма на пневмонија и се уште се на асистирана вентилација, информираат од Министерството за здраветво.

Ohridnews