Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, oд кои 3 во Охрид, 6 во Струга, 58 во Скопје, 18 во Кочани, 14 во Струмица…
Починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти, меѓу кои и 2 во Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.
OhridNews