Актерката Шарлот Луис Изјавила дека кога имала 16 години, во стан во париз, била злоставувана од Роман Полански на најлош можен начин. Режисерот бил свесен за нејзината возраст. Наводно ја злоставувал во 1982 година, четири години откако побегнал од САД поради страв дека ќе заврши во затвор поради обвинувањата дека силовал 13-годишна девојка.
Шарлот глумела во еден филм на режисерот, а деталите на нападот не сакала да ги открие. Режисерот поради силовањето на 13-годишната Саманта Геимер се наоѓа во куќен притвор во Швајцарија, каде ја чека одлуката за испорачување на САД. На Саманта и дал Шампањско и дрога па ја силовал.