Грипот ја зеде и четвртата жртва сезонава. Во текот на вчерашниот ден, на Инфективната клиника во Скопје починал 55 годишен пациент од Скопје, поради компликации со цироза на црниот дроб, информира МТВ.
На клиниката има уште шест тешки случаи, а еден е вклучен на респиратор. Од 110 пациенти повеќе од половината се болни од грип, а меѓу нив има деца и трудници.
Само последнава недела се регистрирани 3. 156 заболени, што според Институтот на јавно здравје е зголемување за 34 %.
OhridNews
извор: МРТ