Холивудската актерка Џулија Робертс последниве година дена минува низ многу тежок период. За една година останала без својата полусестра, а во четвртокот починала и нејзината мајка Бети Лој од рак на плуќата. Актерката во февруари минатата година била скршена кога почина нејзината млада полусестра Ненси.
Американските медиуми пренеле дека наводно, Ненси се предозирала за да и наштети на постарата полусестра. Со години наназад ја обвинувала Џулија дека и го „одзела нејзиниот дел од славата“ и дека била љубоморна на неа. После смртта на Ненси Бети Лоу живеела во Малибу со Џулија, со која била многу блиска, и нејзиниот сопруг Дени Модер и нивните три деца. Починала во болница од рак на белите дробови.