Српското министерство за одбрана соопшти дека воен хеликоптер од типот „Ми-17“ е урнал ноќеска недалеку од аеродромот Сурчин на еден километар од автопатот крај главниот град Белград кој бил ангажиран за спасување бебе од Нови Пазар, јавува „Макфакс“.

 

Според непотврден информации, сите седум лица кои се наоѓале во хеликоптерот, вклучително петдневното бебе настрадале во падот, пренесува телевизијата N1.

Министерството за одбрана соопшти дека презема акција за трагање и спасување, пренесува агенцијата Бета и додава дека не се наведуваат причините за падот. Другите белградски медиуми јавуваат дека хеликоптерот ја загубил врската со контролната кула на Сурчин во 22,31 часот во петокот навечер.

OhridNews