СВР Охрид, поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“.

Тој, како инвеститор и сопственик на имот на улица „Железничка“, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградил приземен објект. При извршен инспекциски надзор, овластен градежен инспектор п констатирал нелегална градба и изготвил решение за нејзино отстранување. – соопшти СВР Охрид.

Вчера во 17,30 часот во полициската станица во Струга, пријавен е пожар во предниот дел на патнички автомобил „Мерцедес“ кој се движел а потоа застанал на улицата „ЈНА“ во Струга. Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната против пожарна единица.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 56-годишно лице од струшкото село Долно Татеши.

При контрола на лица и превозници кои вршат јавен превоз на патници, извршена на 20.10.2020 година, полициските службеници констатирале дека пријавениот, со своето патничко возило „Мерцедес“, врши нелегален такси превоз на патници односно дејноста ја обавува без лиценца и друга соодветна законска документација. – информира СВР Охрид.

OhridNews