Уште една последователна во последните неколку дена магнетна бура на земјата започна вчера во 19,18 часот по македонско време, соопштија научниците од рускиот Хелиофизички институт. Според предвидувањата на научниците, денес и утре, соларната активност на Сонцето ќе биде ниска, геомагнетното поле од слабо до умерено растреперено, а моќноста на зрачењето нема да биде изменета.

Најмоќната геомагнетна бура откако се следат овие вселенски појави се случила во 1859 година. Таа е позната како „Карингтоновите случки“ според британскиот астроном кој ги набљудувал огромните дамки и експлозии на Сонцето од 28-ми август до 2-ри септември 1859 година. На 1-ви септември таа година на Сонцето се случиле коронарни ерупции кои биле толку силни што само за 18 часа стигнале до Земјата, иако ова растојание вообичаено ги минуваат за три до четири дена. Како резултатот на влијанието на магнетната бура на Земјата дошло до пад на телеграфските системи во Европа и во Северна Америка. Поларната светлина се била забележана во целиот свет, а во некои области на планетата светлината на небото била толку силна што локалното население мислело дека се разденило.

Последната сончева бура која имаше последици на Земјата се случи во 1989 година кога беа исклучени сите електрични централи во канадски Квебек. Сонцето минува низ активен циклус на секои 11 години. Последниот максимум се случил во 2001 година, кога беше доста слаб, но траеше подолго, а последниот започна во 2013 година.

Поради силните Сончеви бури Земјата би можела да остане без струја и без поддршка од сателитите неколку месеци, предупредуваат научниците. Имено, силната ерупција на енергија предизвикана од соларните бури кон Земјата испраќа бранови радијација, кои им штетат на сателитските системи со кои, пак, се синхронизираат компјутерите, се врши навигација на авионите или мобилната комуникација.

Американското здружение за напредок во науката предупредува дека доволно силна ерупција на енергија од Сонцето може да предизвика згаснување на електричната енергија што може да потрае со недели, можеби и месеци.

Соларните ерупции, во зависност од моќноста на рентген зраците се делат на пет класи: А В,С, М и Х. Најниската класа А0.0 одговара на силата на радијација во орбитата на Земјата од 10 нановати на квадратен метар. Во процесот не преминување на следната буква од скалата, моќноста се зголемува за 10 пати. Овие појави обично се проследени со исфрлање сончева магма чиишто облаци кога ќе достасаат до Земјата може да предизвикаат магнетни бури.

Сончевите бури настануваат кога Сончевите дамки ќе еруптираат и во Вселената емитуваат снопови набиен честички. Тоа може сериозно да го поремети снабдувањето со енергија и радиоврските на Земјата. Ваквите активност на Сонцето обично се проследени со циклуси кои се одвиваат на секои 11 години, а како што забележуваат научниците се чини дека тоа во овој период минува од мирна во активна фаза и последните години овие појави се зачестени.

OhridNews

извор Макфакс