Незаборавна и магична вечер исполнета со познати филмски рефрени и одличен хумор. Tака помина петтото издание на најочекуваниот забавен настан во Охрид, шоуто „Зимска бајка“, што се одржа вчера вечер.
Фото: Емил Јовановиќ – Love&Life studio
Во текот на повеќе од два часа, публиката во преполната сала на Центарот за култра „Григор Прличев“ уживаше во познатите нумери од филмските класици како „Мирисот на жената“, „Исправи се Делфина“,„ Џејмс Бонд“, „Коса“ и уште многу други, истовремено гледајќи сцени од филмовите чии песни се изведуваа, за што се погрижи „Кумев брадрс“.
Прекрасните и моќни гласови на Драган Василески и Емилија Колоска никого не оставија рамнодушен. Тие на сцената беа придружувани од бројни музичари, пратечки вокали, како и хорот „Вокс Лихнидос“.
За хуморот се погрижи извонредното кабаре „2 Mothers brothers“, чии членови специјално за оваа прилика подготвија нов авторски материјал.
Одличното доживување го надополнаа и прекрасно уредената сцена за која се погрижи „Импакт груп“, светлечките ефекти и најдобриот завук кој некогаш бил поставен во охридскиот Центар за култура, инсталиран од „Лабино саунд“.
Шоуто заврши со изведба на познатата нумера „Let the sunshine In“ од филмот „Коса“ во чија изведба се приклучи и публиката која со силни аплузи ги награди изведувачите и организаторот на настанот.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ
Love&Life studio