Стара вест нов пример. Уште една корпа за отпадоци заврши во водите на Охридското Езеро. Овојпат кај х. Милениум.

Дали се работи за некаков „натпревар“ во деструктивни дела или едноставно за нов начин на забава на некои млади тешко ќе дознаеме. Единствено грдите глетки како оваа ќе не потсетуваат на лошите навики на несовесните граѓани од нашето соседство.

Неодмна беa промовирани новите казни за фрлање отпад. За несоодветно одлагање отпад се предвидува глоба и до 300 евра. Колкава е казната за фрлање корпа за отпадоци во езеро не знаеме, а ако законодавецот не предвидел такво нешто еве повод да го стори тоа.


Уште една корпа за отпадоци заврши во Езерото

ohridnes
фото: Васко Бујароски