Ракометниот клуб Металург  продолжува со хуманитарните акции, кои ги реализира со средства собрани од продажба на билети на натпреварите во организација на СЕХА Регионалната лига.

Средствата собрани од продажба на билетите на натпреварот со Ловќен Цетиње ќе бидат искористени за лекување на нашиот другар, пријател, сосед и сограѓанин Боро Стајиќ кој летото што измина имаше страшна несреќа.

Она што ние како општествено одговорен спортски колектив можеме да направиме е да ве повикаме сите заедно да му помогнеме на Боро, на кој во овој момент навистина му е потребана нашата поддршка.

Навивај за Металург – Помогни му на Боро

Металург – Ловќен Цетиње
17.10.2012 година (среда), почеток: 18.00 часот
сала. автокоманда  цена:50
денари ( продажба на билети на касата во сала автокоманда)