Како што соопшти МВР, во с.Долна Белица-Струга, на местото викано „Белички Арангел“ во црквата „Св.Арангел“, од страна на непознат сторител во периодот од 29.09 до 11.10.2009 година била извршена тешка кражба при што биле одземени десет икони.
Кражбата е извршена на тој начин што сторителот со подесен предмет насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено претурање од олтарот ги одзел иконите и го напуштил лице местото, соопшти полицијата која трага по ограбувачите.
Неодамнешната е последна во низата кражби што во изминатите два месеци се случија во охридско струшкиот регион каде од повеќе цркви, главно во селските средини, се одземени преку 60 икони и други вредни артефакти. Иако надлежните за заштита на културно историското наследство најавија дека вредните црковни предмети и икони ќе се чуваат во специјално депо засега тие остануваат лесен плен за крадците кои немилосрдно го уништуваат духовното богатство од незаштитените македонски цркви.