На турнирот „Петровден“ во Мешеишта вечерва се одиграа три натпревари на кои публиката виде 18 голови.

Во првиот натпревар Инекс Олгиса со 5:2 ја совлада екипата на Дооел Ноче. Во вториот меч Сатеска со 5:1 беше поуспешна од Хацеган Елит, додека во последната средба вечерва екипата на Дамјан, Климент и Михаил загуби од Бомбаши 1:4.

Турнирот продолжуваат во вторник со 3 натпревари.

Распоред на натпревари 25 јуни:

20:30 ч. Дипсакус Вевчани – Велио Компани

21:30 ч. АСП ПАК – Американо

22:30 ч. Гостилница Кај Мече – Требеништа

Г.М.