По вчерашните два земјотреси, попладнево е почувствуван уште еден земјотрес во Охрид.

Според http://www.emsc-csem.org земјотресот се случил во 18:01 часот по локално време и бил со јачина од 3,9 степени според според Рихтеровата скала. Епицентарот на овој потрес е на 27 километри јужно од Битола на територијата на Грција односно 137 километри јужно од Скопје.

Освен вознемиреност кај населението, потресот не предизвикал никакви штети.

Инаку вчеравечер околу 22 часот во Охрид беа почувствувани два последователни потреси кои исто така имаа епицентар јужно од Битола.

OhridNews

 

Два земјотреси почувствувани во Охрид