Одлични резултати за охридските стрелци на четвртиот по ред куп натпревар во гаѓање со воздушна пушка викендов во Скопје.


Во јуниорска категорија Нина Балабан од СК “Охрид“,  го освои првото место со резултат од 365 кругови, додека пак Гоџоска Верица се пласираше на четвртото со погодени 345 кругови.

Втор во сениорска конкуренција заврши Михаил Шишкоски кој постигна резултат од 569 кругови еден помалку од првопласираниот, Здравески Горан го освои петтото место со резултат од 554 кругови.

Ohridnews