Списокот на ракометари и спортски работници кои преминале од Вардар во Веспрем ќе се зголеми за уште еден ракометар. Имено, десното крило Данил Шишкарев после завршување на сезоната ќе се пресели во Унгарија и ќе го облече дресот на Веспрем.

Шишкарев, тимот на Веспрем ќе го засили како слободен агент, бидејќи рускиот ракометар важечки договор со „црвено црните“ има до крајот на сезоната. Десното крило во Скопје се пресели во 2014 година од Чеховски Медведи и со Вардар успеа да ги освои сите клупски трофеи во Европа.

Претходно трансфери од Вардар во Вепсрем обезбедија Борозан, пикерот Мораеш, голманот Штербик, тренерот Давид Дејвси и фитнес тренерот Марија Лојаница. Во играчите кои го носеле дресот на Вардар и Веспрем припаѓа Дејан Манасков.

OhridNews