Охридскиот боксер Арсим Етеми забележа нова победа овој пат на гостински терен во салата „Лагатор” во Лозница против домашниот боксер Стефан Ристановиќ.
Тој настапи во категоријата до 91 килограм каде убедливо на поени во една надигрувачка борба го совлада својот српски противник.
Вредно е да се напомене и дека Арсим беше единствениот од Македонската репрезентација кој оствари победа, а со тоа воедно и го потврди врвниот квалитет на Охридската боксерска школа на тренерот Алексо Огненовски која важи за една од најдобрите во Македонија и пошироко.
OhridNews