Глобалниот бренд Кока Кола ги стопира сите реклами на социјалната мрежа Фејсбук на најмалку 30 дена.

Нема место за расизам во светот, нема место за расизмот на социјалните мрежи. – рекоа од компанијата, која бара поголема одговорност од социјалните медиуми.

Кока Кола паузира од Фејсбук

Одлуката на Кока Кола доаѓа по најавите на Фејсбук дека ќе ги означува потенцијално „штетните“ содржини. Првиот човек на Фејсбук Марк Цукерберг, рече дека социјалната мрежа ќе ги забрани рекламите кои содржат тврдења дека одредени расни, етнички, верски, сексуални или миграциски малцинства се опасност за другите луѓе.

Големите компании пак го обвинуваат Фејсбук дека не прави доволно по однос на говорот на омраза и лажните вести.

Од Фејсбук ќе паузира и „Levi Strauss & Co“. Оваа компанија за разлика од Кока Кола директно го обвини Фејсбук дека не работи доволно на проблемот.

Бараме одлучна промена со која Фејсбук ќе им стави крај на дезинформациите и говорот на омраза, но и да уреди соодветно политичките реклами, рекоа од Левис.

Претходно од истите причини и познатата апликација за размена на пораки „Viber“ го раскина договорот за  деловна соработка со Фејсбук.

OhridNews