Утрово во 11.39 часот во Охрид е регистриран уште еден земјотрес со слаб интензитет. Според Европската сеизмичка опсерваторија земјотресот бил со јачина од 2,2 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот е во близина на Охрид на длабочина од 5 километри, а поради слабиот интензитет малкумина го почувствуваа.

Во текот на вчерашниот ден во Охрид биле регистрирани уште два послаби земјотреси.

OhridNews