Десното крило Бобан Блажески и следната сезона ќе го носи дресот на Ракометниот клуб Охрид, откако ја продолжи соработката за уште една сезона.
Блажески им се придружи на Крсте Андоновски и Иван Тасески, кои, претходно ја продолжија верноста со охридскиот клуб.
Управата на клубот најави фокус на домашни играчи и формирање на квалитетна екипа која ќе се бори за местата кои водат во плејофот.
Во следниот период охридскиот клуб ќе официјализира нови засилувањa со кои се водат преговори.
OhridNews