Два порази во двата пријателски меча за Охрид со соседниот Поградец. По победата во првиот меч со 2-0, албанскиот суперлигаш победи и во Охрид со 1-0.


И во третата тест средба (два порази, едно реми) во предсезоната избраниците на Цветаноски не успеаа да го пронајдат патот до противничката мрежа.

Наредната контрола ќе ја имаат со новајлијата во Првата лига, прилепски 11 Октомври.

М.П.