Трет пораз во низа за Охридскиот футсал тим кој беше совладан на гостувањето кај Биџо во Куманово со 6-5. Стрелци во поразот беа Стефаноски, Танаскоски и три пати погоди Бимбилоски кој се врати на теренот по суспензијата од црвениот картон.


По третиот негативен резултат охриѓани се најдоа на претпоследното место на табелата со осум освоени вода во 11 одиграни рунди. Во наредната рунда во Охрид гостува лидерот Хедис.

М.П.