Почина 59 годишен пациент со дијагноза на грип, коој во Клиниката за инфективни болести завчера бил примен во потешка состојба, пренесува „Макфакс“.

Пациентот претходно боледувал од дијабетис, инфаркт на миокард имал мозочен удар.

Од Клиниката информираат дека пациентот веднаш бил ставен на респиратор, ординирана соодветна терапија, но и покрај напорите на лекарите и преземените мерки констатирана е смрт во текот на вчерашниот ден.

На оваа клиника, во моментов се лекуваат 42 лица од грип, од кои двајца се на интензивна нега, а еден е на респиратор.

OhridNews
извор: „Макфакс“