СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Х.(23) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“.

На 12.03.2009 година, во 19,00 часот во Охрид  е извршен преглед во ПМВ „пежо 206“ во кое бил пријавениот, при што се пронајдени и одземени 9,8 грама наркотична дрога-марихуана.

Ова е втор ваков случај за само два дена. СВР Охрид вшера соопшти дека по целосното документирање на случајот поднел кривична пријава против против Ј.Ќ.(23) од Охрид за сторени
кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични
дроги и психотропни супстанци“ и „овозможување на употреба наркотична
дрога“.

Ohridnews