9 медали и пехар за комплексно класирање за најмногу освоени медали на натпреварот е исходот на охридските стрелци од 10-тиот јубилеен традиционален меѓународен Турнир „ЗПГ-2023“ во гаѓање со воздушно оружје-меѓнародна програма што се одржа во Сандански.
Со личен рекорд, а воедно и рекорд на досегашните турнири во Сандански, од 614,8 кругови, Бојан Спасеновски од ЖСК „Лихнидос“ е освојувач на злато во конкуренција на јуниори со воздушна пушка. Во истата категорија, Кристијан Балоски од СК „Охрид“ се пласира на третата позиција со резултат од 599,1 кругови. Во дисцплината воздушна пушка-помлади јуниори (до 15 год) Бора Каќел од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 378.4 (мала серија) исто така се закити со златен медал.
Во дисцплината воздушна пушка јуниорки, настапија натпреварувачки Теодора Спироска (582.6) и Драгана Локоска (581.4) од СК „Охрид“ како и Сара Цикуш (564,5круга) од ЖСК „Лихнидос“ кои за жал не успеаа да изборат пласман меѓу првите далеку поискусни три пласирани, но радува фактот што токму на овај турнир сите го постигнаа својот личен рекорд, пласирајки се на 5-тата, 6-тата односно 8-мата позиција.
Во дисциплината воздушен пиштол помлади јуниори (до 15) години Иван Милевски од СК „Охрид“ со извонреден резултат од 367 кругови (речиси 9,5 просек), исто така се закити со златен медал, додека пак Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ ја зазеде вицешампионската позиција со резултат од 358 кругови.
Големо изненадување на овај натпревар приреди Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос“, која со резултат од 508 во дисциплината воздушен пиштол –јуниорки ја зазеде првата позиција оставајќи ги зад себе далеку попопуларните Стефанија Вељаноска (505) и Наталија Савеска (501) на втората односно третата позиција.
Натпреварот го заокружи Велибор Балоски од ЖСК „Лихнидос“ кој во дисциплината воздушен пиштол-мажи ја зезеде третата позиција со резултат од 525 кругови.
За најмогу освоени медали на натпреварот, ЖСК „Лихнидос“ се закити со пехар, во комлексно класирање со вкупно 20 освоени бода. На натпреварот учество земаа клубови од Р. Македонија и Р. Бугарија.
OhridNews