Еден човек е убиен, а двајца други се ранети во вооружен напад во градот Визбаден, главниот град на германската федерална земја Хесен, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил во квартот Бибрих. Стрелецот успеал да побегне, а полицијата во потрагата по него користи дополнителни специјални единици и хеликоптер. Се додава дека засега не се познати мотивите за овој напад. Жртва на пукањето е 59-годишна жена, сопственичка на мала продавница. Двајца мажи, пак, се сериозно ранети, во инцидентот кој се случи околу пладнето и тие се хоспитализирани. Сведоци во полицијата изјавиле дека вооружен маж влегол во киоск и стрелал во 63-годишниот маж, и во 21-годишниот внук на жената.
Ова е втор напад во Германија во изминатите 24 часа. Вчеравечер, камион прегази луѓе на Божикен пазар во Берлин при што загинаа 12 луѓе, ан над 40 беа ранети.
Германски медиуми пишуваат дека осомничениот како извршител на терористичкиот напад со камиот се уште е на слобода и најверојатно е вооружен.
Медиумите пишуваат и дека полицијата во Берлин, исто така, се придржува до можноста дека приведениот во понеделникот Пакистанец „не е човекот“ кој може да биде извршител на терористичкиот напад. Германската полиција мисли дека човекот од Пакистан, кој беше уапсен како осомничен за нападот на божиќниот пазар во Берлин во кој загинаа 12 лица, не бил вистинскиот извршител. „Ние имаме погрешен човек”, изјави висок претставник на шефот на полицијата. „И затоа имаме и нова ситуација. Вистинскиот сторител се уште е на слобода, се уште е вооружен, и може да предизвика нова штета”, пренесуваат медиумите.
OhridNews
извор Макфакс