Регионалниот економски Форум на земјите од Југоисточна Европа, беше добра прилика и за афирмација на Охрид пред светот. Охрид и овојпат се покажа како добар домаќин, а со должно внимание беа пречекани сите гости.
Претседателите на аеродромот „Св. Апостол Павле“ ги дочека градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој оствари и повеќе средби со шефови на држави и претставници на бизнис заедницата. Петрески се сретна со претседателите на Алобанија и Бугарија, Бамир Топи и Георги Прванов, како и со членот на претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ.
Како што пренесе општинската прес служба, градоначалникот Петрески во рамки на Економскиот форум остварил и средба со првите луѓе на руски „Лукоил“, компанија која подолго време најавува интерес за инвестиции во Охрид.