Националната Установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид  продолжува со прикажувањето на филмски новитети.

Од денеска на репертоарот е светскиот хит  „Valkyrie“, филм базиран на вистински настан, во кој главните улоги ги толкуваат Tom Cruise, Kenneth Branagh, Bill Nighy.

„Valkyrie“ е историски трилер сместен во времето на нацистичка Германија во Втората светска војна и го раскажува обидот на германските офицери да извршат атентат врз Адолф Хитлер.

Филмот ќе се прикажува од 20 – 22. октомври 2009 година, со почеток во 20:00 часот.

Ohridnews