Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во во малата сала при општината  Охрид. Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа – сектор за комунален развој,  а поканети се председатели на урбани заедници, заедници на станари, фирмите кои стопанисуваат со станбените објекти „Урбан Солитер„ и „Мебо“. Поканети се и заинтересирани граѓани од зградата „Кифла“; северно на „Булевар Туристичка“; југо – источно по улицата „7ми Ноември“; западно по улицата „Питу Гули“; западно по улица „Јане Сандански“ се до со спојот со „Булевар Туристичка.

На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи,  со пауер поинт презентација ќе одржи едукативно предавање на тема:„Обезбеди се не биди жртва на кражби“.

На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од Законот за домување.

OhridNews