Уште еден ден до големиот музички спектакл во клубот „Rebel“ и настспот на легендата на електронската музика Марко Бејли (Marco Bailey) оваа сабота, 31 август, кој најавува спектакуларен сет за љубителите на добрата музика.
Марко вели дека е подготвен да го „запали“ подиумот во „Rebel“ кој на охриѓани и гостите ќе им понуди уште една незаборавна ноќ по што овој клуб ова лето беше омилена дестинација на трагачите по квалитетна забава кои добрите вибрации од Охрид ги пренесоа на сите светски меридијани.
Се започнува со ритам. Секој виртуоз во било која вештина, тргнува со љубов во срцето и длабоко уверување дека тоа е неговиот пат. Марко Бејли е икона, жива легенда. Тој е самоук диџеј и продуцент чија кариера почнала да се развива во доцните 80ти во неговата родна Белгија. Го посветил својот живот на музиката, а три децении подоцна, познат е како артист кој постојано го носи звукот на некое ново, повисоко ниво. На неговите патувања низ светот и диџејските сетови, умешно и со страст прави луѓето да уживаат и да се забавуваат. Се ова со неговата беспрекорна селекција и совршена техника. Преку Јапонија, Кина, Африка, Америка, Австралија, Аргентина… еве го Марко Бејли и во Охрид, во клубот Ребел.
Саботната забава со диџеј Марко Бејли е поддржана од „Ред бул“ кој подготвува бројни изненадувања за посетителите, а ќе има и промоција на Водка/Ред бул.
Карти за музичкиот спектакл за крај на летната сезона во „Rebel“, ќе можат да се најдат во претпродажба по цена од 200 денари во охридската чаршија кај Аждер, додека на влез истите ќе чинат 300 денари.
OhridNews и клубот „Rebel“ доделуваат 3х2 влезници за музичкиот спектакл со легендата на електронската музика Марко Бејли. Следете ги нашите профили на Инстраграм и Фејсбук и бидете дел од ова музичко уживање.
OhridNews/PR