Брод кој превезувал 250 имигранти денеска се превртел и потонал 70 наутички милји југоисточно од италијанскиот остров Лампедуза, меѓу Малта и Сицилија, пренесува АФП цитирајќи го портпаролот на воената морнарица на Малта, пренесува „Макфакс“.

Според податоците на патролната служба на Италија, која го забележала превртениот брод во сицилијанскиот канал, а во водите имало повеќе стотици луѓе. Некои од нив не давале никакви знаци на живот.

Во петокот навечер спасувачката операција ја спроведуваат малтешките власти, кои побарале помош од Италија. На местото на несреќата се упатени два воени италијански брода „Либра” и „л’Есперо” кои со помош на хеликоптери ја пребаруваат областа.

„Испративме наши бродови за спасување и хеликоптери на местото на несреќата, околу 70 милји од Малта. Имаме информации дека бродот потонал и дека бегалците се во морето, но засега не можеме ништо повеќе да кажеме”, изјавил портпаролот на малтешката воена морнарица за АФП.

Според италијанската агенција Анса, на бродот имало околу 250 луѓе, и потврдено е дека во водата има безживотни тела.

„Според последните информации, бродот со двесте имигранти се превртеле”, додал портпаролот од Малта.

„Станува збор за бродолом во малтешките територијални води. Им даваме помош на малтешките власти. Сеж уште не го знаеме бројот на мртвите”, изјавил за АФП, Филипо Марини, командант на италијанската крајбрежна стража.

Несреќата се случи една седмица по потонувањето на рибарскиот пред островот Лампедуза на 3-ти октомври. На бродот имало повеќе од 520 бегалци од Еритреја и Сомалија, а спасени се само 155 луѓе. Според последните информации досега од морето се извлечени 328 тела, а уште 35 сеж уште се во водата.

OhridNews
извор:„Макфакс“