Новиот песок на плажата Сараиште пристигна. Активностите за уредување на оваа градска плажа продолжуваат, единствена пречка претставуваат кајчињата чии сопственици и покрај апелите сеуште не ги отстраниле за просторот да може непречено да се доуреди.

Како што беше најавено на плажата  ќе бидат поставени  и канти за отпадоци, клупи за седење,  тушеви и соблекувални.

OhridNews